ЗА МАYA

Во еколошки најчистиот дел на Македонија, во близина на дебарското село Гари, на надморска височина од 1.200 метри, се наоѓа изворот на водата MAYA. Откако ќе се извлече од бунарите длабоки од 80 до 120 метри, со најсовремен водовод, изграден според највисоки стандарди, таа се пренесува до фабриката за пакување.

Објектот се простира на 4.000 метри квадратни површина и е една од најмодерните и технолошки најсовремените фабрики во Европа.

Фабриката е опремена со машини од најпознатиот светски производител на линии за полнење „Кронес“, а ги има имплементирано и светските стандарди за безбедност и квалитет како што се ХАЦЦП и ИСО 22000:2005 стандардите за градежништво и за производство.

Типови на пакувања:

  • Стаклена амбалажа

  • 0,25л
  • 0,75л
  • ПВЦ (РЕТ) амбалажа

  • 1,5л
  • 0,5л