Назад

Новости

09/14/2017

Малa Италија Патува 20.06.2017

“МАЛА ИТАЛИЈА ПАТУВА” е проект посветен на музиката и создаден од љубовта кон звуците на медитеранската музика, романтичните шансони, канцони и шпански песни.

Концертот, со времетраење од 1 час, им овозможи на присутните да одлетаат во најубавите предели на Италија, Шпанија и Франција, додека седеа под отворено небо во Скопје.

Настанот се одржа на 20-ти јуни 2017-та година, на плоштадот Мајка Тереза, плато на Македонска Опера и Балет, броеше посетеност од 4.000 луѓе, како и одлична медиумска застапеност. “МАЛА ИТАЛИЈА ПАТУВА” цели кон подигнување на нивото на културни вечери и креирање на традиција на целата територија на Република Македонија. Ние веруваме во љубовта кон музиката и убавината на емоциите кои ги буди. До следниот настан!