ПРОИЗВОДНА ЛИНИЈА

Линијата за полнење на водата е произведена и имплементирана од KRONES AG Германија. Капацитетот на производство изнесува до 22.500 ПВЦ (РЕТ) шишиња на час и 7.000 стаклени шишиња на час. Вкупниот капацитет изнесува 100 милиони литри во текот на една година.

Двете линии се сместени во новоизграден објект, фабрика во која се вградени наjсовремените технологии за производство, односно полнење на вода и е направена по најновите светски стандарди во индустријата. Објектот се наоѓа на 4км. пред село Гари, во западниот дел на Република Македонија.

Фабриката е изградена на површина од 6.000 м2 со урбанистички план каде е предвидено да се изградат уште 3 нови фабрики како комплекс од 18.000 м2. Вкупната површина планирана за градење достигнува 23.000 m2 и претставува една од најмодерните и најсофистицирани комплекс фабрики во Европа.

Просторот се состои од 0,48 км2, со површина за експлоатација од 11.000 м2 каде што се ископани 3 бунари, со вкупен капацитет на вода од 48 л/сек. вадење на вода од длабочина повеќе од 80 метри и на надморска височина од 1.200 метри.

Фабриката на МЛ-ГАРИ е лоцирана на пет километри пред селото Гари, покрај регионалниот пат Бошков мост – Извор. Водата MAYA се полни од изворите во овој предел.

Производствената хала е со површина од 2.200 квадратни метри и магацински дел, со управна зграда, како и дополнителни простории, лабораторија, кантина, итн. Од страна на Министерството за култура е изработена студија за економска оправданост за ревитализација на Гари.

Студијата предвидува реставрација на постојните куќи со традиционалните материјали, архитектура и техники на старите мајстори. Предвидено е да се инвестира и во нови содржини што ќе го поддржат селскиот туризам, како што се: сместувачки и угостителски капацитети, инфозони, изложбен простор, уредување на просторот во центарот на селото, ревитализација на црквата „Св. Богородица“ и организирање летна школа за архитектонска конзервација на традиционалните куќи.

KRONES AG

KRONES AG е основана во 1951 година и се наоѓа во Неутраублинг, Германија. Од своето основање, KRONES AG се смета за многу повеќе од традиционален производител на машини и производни линии: KRONES AG еволуира во сеопфатна продажна компанија за своите клиенти. KRONES AG креира хармонизација, оптимална синергија и интеграција меѓу механичкото инженерство, експертиза за производните линии, процесно инженерство, микробиологија и информациска технологија. KRONES AG е синоним за холистички системски инженеринг.

Успехот на KRONES AG се базира на неколку критични стратегии: специјализирано знаење во механичкото инженерство и инволвираните сектори од страна на клиентот, техничко водство пред конкурентите помогнато од континуирано инвестирање во развој и истражување, производни капацитети опремени по најновите светски стандарди, оперативи по најстроги стандарди за квалитет, со поддршка 24 часа на ден – како услуга за кој било клиент од светот, и вештини на високо-мотивираните вработени.

Повеќе од 3.730 целосни и комунални патенти сведочат за иновативниот потенцијал на KRONES AG. Во светски рамки, KRONES AG вработува 12.756 луѓе. Околу 90% од производите на KRONES AG се продаваат надвор од Германија. Консолидираната продажба во 2014г. изнесува 2.953 милијарди евра. Групата, освен KRONES AG, вклучува и други 80 компании кои работат на продажбата и достапноста на услугите.