Потекло
Од срцето на недопрената природа, скриена во планинските масиви на Стогово и Бистра, тече кристална чиста вода. Покрај Гарските водопади и до Висок камен, достапни само за соколовото око, извира водата MAYA.Водена од древната историја, нашата компанија МЛ-ГАРИ, одлучи да ја донесе исконската вода во Вашите домови.