Назад

Новости

06/11/2017

Skopje Calling

Најголемиот настан ова лето во Скопје- Martin Garrix на Skopje Calling! 🔥➕✖- 23 Јуни

Спектакуларно шоу со огромна продукција, најсовремено озвучување, многу пиротехника и визуелни ефекти! Настан што дефинитивно не се пропушта и за кој долго ќе се зборува!

Thievery Corporation 20 јуни – Еден од највозбудливите и најквалитетни бендови од светската концертна индустрија, Thievery Corporation доаѓа во Скопје, како специјално отворање на фестивалот Skopje Calling 2017.

Авалон Продукција како и за секој свој избор за концерт во Македонија, секогаш настојува да ги задоволи апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба, се разбира, заедно со личните апетити и музички вкусови на продукцијата. Така и овој пат се одлучивме за бенд којшто е маестрален во живо и можеби единствениот во светот кој со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика.